Bucen Kozjak

Македонија ги заборави старите шампиони а не знае да создаде нови

Македонија ги заборави старите шампиони а не знае да создаде нови

Уште на Олимпијадата дојдоа колекционери од Америка и ми понудија 10.000 долари да го продадам медалот. Пред некое време некои луѓе се јавија преку интернет, но не ја давам, колку и да сум без пари. За мене нема цена. - Реџеповски со сребрениот медал што го освои на 23. Летни олимписки игри во Лос Анџелес во 1984 година.

Бегалка од Ирак ќе стане кумановска снаа

Бегалка од Ирак ќе стане кумановска снаа

Oткако на нејзиниот пат од Багдад кон Лондон, во бегалскиот камп Табановце ја пронашла љубовта на својот живот, Нура Аркавази (20) и покрај противењето на нејзините родители, одлучила да го продолжи животот со 14 години постариот полицаец Боби Додевски и да создаде семејство во Македонија.

Кумановци навиваат за добар фудбал

Кумановци навиваат за добар фудбал

Домаќинот Франција, Англија, Германија, Шпанија, Италија, Хрватска и Албанија, се фаворитите на кумановци на Европското фудбалско првенство во Франција. Неколку дена по почетокот на ЕП се покажа дека фудбалот е навистина најважната споредна работа на светот.

Средношколец од рециклиран материјал создава ремек дела

Средношколец од рециклиран материјал создава ремек дела

Од стара хартија, весници, метал, лесно обработливо дрво и текстил, изработува украси, накит, кутии за накит и други подароци, кои го красат неговиот дом или ги подарува на блиските и пријателите. Драгослав е самоук и со ова интересно хоби се занимава околу пет години.

Кумановец ниже успеси во триатлон

Кумановец ниже успеси во триатлон

Дваесет и едногодишниот Лука Гаревски од Куманово, студент на Факултетот за физичка култура и член на велосипедскиот клуб “Вело - М“, реди успеси и носи медали од европски и светски натпреварувања, а наредниот предизвик му е Европското првенство за триатлон, кој ќе се одржи на 10 јули во Женева, Швајцарија.

Многу наши другари немаа среќа да го видат слободно Куманово

Многу наши другари немаа среќа да го видат слободно Куманово

На 11 Ноември 1944 година, Куманово осамнало ослободено од фашистичкиот окупатор. Борците кои пред 70 години учествувале во последните пресметки со германската војска, како вчера да било, се сеќаат на тешките моменти, но со воодушевување зборуваат за големата победа.

Руле Tурс ги намали месечните билети на релацијата Куманово-Скопје

Руле Tурс ги намали месечните билети на релацијата Куманово-Скопје

Компанијата „Руле Турс„ од Скопје, која од неодамна е сопственик на Автобуската станица и претпријатието Југ-Турист Куманово, од утре воведува поевтини месечни патнички билети на релацијата Куманово-Скопје.

Текстил и влошки во филтрите на пречистителната станица

Текстил и влошки во филтрите на пречистителната станица

Кумановци и кумановки во канализацијата најмногу фрлаат текстилни отпадоци, крпи, влажни марамчиња, влошки, презервативи, четки за заби, пасти, жилети, но вработените во пречистителната станица наоѓаат и цели мрши на кучиња, мачки, делови од тело на поголеми животни, па и цело прасе 

Кумановец во руски документарец за шарпланинци

Кумановец во руски документарец за шарпланинци

“Планета на кучиња“ е руски документарен филм во кој Владимир Крстевски, кумановски кинолог и одгледувач на шарпланинци, говори за карактеристиките на оваа раса кучиња која потекнува од Македонија и е верен чувар на македонските стада.

„Браќа Миладиновци“ - од „изгорена школа“ до престижно училиште

„Браќа Миладиновци“ - од „изгорена школа“ до престижно училиште

Основното училиште “Браќа Миладиновци“, едно од најстарите основни училишта во Куманово започнало со работа во 1954 година. Со десет паралелки, 555 ученици и 14 наставници во скромни услови, но со многу љубов и посветеност, наставниците со години го градат имиџот на училиштето.