Euro Colleague
Bucen Kozjak

Кумановец готви специјалитети од крокодил и зебра

Владимир Барџиќ (35) од Куманово, подотвува специјалитети од крокодил, зебра, кенгур, мечка и други еготични животни, за гости во хрватски ресторан на јадранското приморјe.

Кумановец готви специјалитети од крокодил и зебра

Барџиќ е специјализиран готвач за африканската кујна и на неговото мени се наоѓаат несекојдневни специјалитети за кои треба многу умешност и знаење. Toj последните две години е во Хрватска, а предходно работел во повеќе елитни ресторани, хотели и јахти во други земји. Моментно својата креативност и мајсторство, како шеф на кујна, го покажува во ресторанот Бодулка во Риека.

„Јас сум еден од малкуте на Балкан кои подготвуваат егзотични јадења и ја знаат афричката кујна. На менито се јадења од крокодил, зебра, кенгур, мечка, бизон, афрички ној и др“, - вели Владимир.

Тој објаснува дека од месото на крокодил може да се подготви комлетен оброк од ладно предјадење до главно јадење.

„Подготовката на месото од крокодил трае една недела, а финишот е брз. Крокодилското месо личи на ќуркино, а има вкус помеѓу риба и јунешко месо. Најдобро е да се јаде живо, тоа е познат специјалитет карпацо. Се подготува на тој начин што месото се сече на тенки листови се маринира и зачинува и така се служи. Додека зебрата е од фамилијата на коњи и месото е потврдо“, - објаснува Владимир.

Овие врвни специјалитети се главо наменети за гостите со подлабок џеб, па цените во ресторанот се движат од 20 до 150 евра порција.

„Најскапо е месото на мечката, бидејќи е највкусно. Но тоа не се оние мечки што ги има кај нас, туку тоа се посебен вид на мечки кои живеат во Кина“,- раскажува Владимир.

Тој Африканската кујна ја научил од еден нашинец кој живее и работи во Австрија. Макотрпното учење денеска му носи добра заработка и секојдневна средба со познати личности, пејачи, креатори, спортисти, поранешни претседатели, принцови и шеици. Пред две години доби бакшиш од 1000 евра од најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Ни тогаш ни сега Владимир не сака да каже со што го воодушевил Ѓоковиќ, вели дека тоа е деловна тајна и  строго ја чува.

Mинатиот викенд во Цирквеница во близина на Опатија се одржала манифестацијата Спрингфест, на која Владимир за половина час спремил 200 сприн ролнички од крокодил, зебра и мечка. На нивниот штанд имало и најмногу посетители кои ги дегустирале несекојдневните егзотични специјалитети. Тој го освоил првото место во конкуренција на уште десетина готвачи од други угостителски објекти, но вели дека нема повеќе нема да се нетпреварува затоа што е многу напорно и ќе им го препушти тоа на помладите.

 Владимир живее во Риека со сопругата и тригодишното синче, за кои вели дека му се најголемата подршка во животот и кариерата.