Euro Colleague
Bucen Kozjak

Руле Tурс ги намали месечните билети на релацијата Куманово-Скопје

Компанијата „Руле Турс„ од Скопје, која од неодамна е сопственик на Автобуската станица и претпријатието Југ-Турист Куманово, од утре воведува поевтини месечни патнички билети на релацијата Куманово-Скопје.

Руле Tурс ги намали месечните билети на релацијата Куманово-Скопје

Од 1 мај месечниот билет може да се користи неограничено во текот на денот и ќе чини 2300 денари, наместо како досега 2800 денари, додека на релацијата Куманово - Агино Село 1600 денари и Агино Село - Скопје 1800 денари.

   Со нашето доаѓање на кумановскиот авто-превоз сакаме да ги подобриме услугите што ги пружаме на патниците. Затоа ја намалуваме цената на месечниот билет за 500 денари, а го подобривме квалитетот на превозот. На релацијата Куманово-Скопје веќе се во функција автобуси на Руле-Турс, кои нудат удобност, брзо и безбедно патување, - изјави Масар Омерагиќ, сопственик на Руле Турс.

  Сопственикот најавува дека наскоро ќе започне и реновирањето на Автобуската станица, се со цел да се смени грдата слика на овој значаен објект за градот.

  Ќе се реновираат тоалетите, чекалната, билетарницата, подовите, ќе се ставата информативни табли, ќе се постават нови клупи. Од полноќ ќе започне да функционира и новиот систем за продажба на билети, каде ќе можат да се купат билети за сите линии во Македонија и меѓународни билети. Тоа значи дека во иднина на благајната на Автобуската станица ќе се продаваат билети и за Ниш Експрес и другите превозници што сега не е случај. Автобуската ќе работи 24 часа- додава Омерагиќ.

Руле Турс ќе ги задржи сите постојни линии на релацијата Куманово-Скопје, а обновени се и линиите што Југ-Турист не беше во можност да ги одржува, како што се Куманово-Крива Паланка со поаѓање во 06.50 и 14.50 часот, Куманово-Пробиштип - Злетово во 8.20 и 13.50 часот.

За сите подетални информации за новините во работењето на Руле Турс граѓаните можат да се информираат на тел. број. 031/ 428 570

Термини за автобуските линии:

Куманово-Скопје:

05.00, 06.00, 06.50, 08.00, 08.30, 09.30, 10.30, 12.00, 12.15, 13.30, 14.00, 14.40, 15.15, 16.00, 18.07, 19.00, 20.00 и 21.00 часот.

Скопје-Куманово:

06.00, 07.00, 07.30, 08.30, 09.00, 09.30, 10.30, 11.00, 11.30, 13.00, 13.30, 14.30, 15.00, 15.30, 16.30, 17.00, 17.30, 18.30,  19.00, 20.00 и 21.00 часот.