Euro Colleague
Bucen Kozjak

Во Куманово пошта разнесуваат и жени поштари

Кристина Миловановиќ повеќе од осум месеци работи како поштар во Кумановската пошта. Нејзиното работно место е  откако вработување доби преку конкурсот на ЈП „Македонски шуми“.

Во Куманово пошта разнесуваат и жени поштари

Ова е нејзино прво вработување и таа е задоволна од работата. Разнесува пратки во прв доставен реон кој го опфаќа централното градско подрачје и булевар „Октомвриска револуција“. На терен излегува во 8 часот, дневно во просек разнесува по 20 - тина пратки, а најмногу работа има на почеток на месецот кога стигаат сметките.

На почетокот на луѓето им беше чудно и мислеа дека жена не може да биде поштар бидејќи тоа е машка професија. Така се навикнати од порано, но сега од моја гледна точка позитивно прифаќаат жена поштар, им се допаѓа таа промена. Имало коментари “Сигурно си поштар, обична пошта?“ и кога ќе ги видат писмата сфаќаат дека навистина работам во пошта. Благодарение на директорката сме распоредени блиску до местото на живеење за да ги запознаеме луѓето и работата да биде завршена. Потешкотии нормално дека имало на почетокот, но ние два месеци имавме обука со поискусен колега кој го знае реонот. Секоја работа си има своја тежина, работа со луѓе може да биде и лесна и тешка, но со културно, воспитано однесување се ќе помине како што треба - вели Миловановиќ.

Таа е презадоволна од тоа како е прифатена на работното место, од колегијалноста и помошта која ја добива од поискусните поштари. Миловановиќ објаснува дека секој работен ден е динамичен и различен од претходниот.

Ми се случи да дадам препорачно писмо во железарница и да ги заборавам писмата за цела една зграда. Излегувам надвор, знам каде треба да одам, а во рака немам ништо. Додека јас да се сетам каде ми се писмата, човекот од внатре трча  по мене и ми ја носи поштата. Имало многу интересни случки и затоа е интересна оваа работа - рече Миловановиќ.

Кристина по завршувањето на средно образование цели десет години барала работа и е среќна што се оствари нејзината желба да се вработи и да си обезбеди егзистенција.