Euro Colleague
Bucen Kozjak

ГОДИШНИНИ

За нештата во информирањето ако работите беа поинакви (Телевизија Куманиово како повод-исечоци од времињата изминати)

Ако работите кај нас беа такви како што, по многумина, требаше да бидат по прашањето на информативната дејност, во Куманово, годинава, кога градот ја одбележи својата седумдесетгодишнина, на празникот 11 Ноември ќе имавме можност да одбележиме и 53 годишнина на весникот “Наш весник”, 50 годишнина на Радио Куманово и 20 години од пуштањето во редовно “производство” на Телевизија Куманово. Но, со оглед дека кај нас работите тргнаа по друг пат, а медиумите се сфатија како алатки за освојување и опстојување на власта, од одбележување на сите споменати јубилеи нема ништо со оглед дека денес ниту еден од споменатите информативни сегменти на некогашната НРИО “Наш весник” „де факто„ не постојат. Иако во меѓувреме, во изминатиот дваесетгодишен период се појавија повеќе информативни субјекти во кумановскиот простор, ниту еден од нив не успеа да обезбеди константност во делувањето и најчесто поради амбиентот, но и низата субјективни слабости пропаѓаа. Само ќе ги споменеме телевизиите КТЛ, ЗОРА, повеќето локални радија, весниците “Кумановски весник”,” Булевар”, отцепениот, од својата матична куќа, приватизираниот “Наш весник”, а на тој пат е и најновиот неделник “Плоштад”...

Денес Куманово освен со се уште недифинараната, но во тоа сосема постојана, Телевизија КРТ, како и албанските ТВ Хана и ТВ Феста нема друга локална телевизија. Од радијата делуваат Радио Браво и поранешното Мизичко радио-сега како Радио БУМ. Во весникарството во последните неколку месеци се бореше да се избори неделникот “Плоштад”, иако крајот многумина му го видоа и пред да започне... Се разбира тука се и електронските портали, “Кумановски муабети”, “Хроника” и други, меѓу кои со својата сериозност се издвојува првиот кумановски портал “Куманово њуз”.

Иако прво споемнатата НРИО “Наш весник„ де факто не постои, таа нема програма, нејзните предаватели не зрачат ништо во етерот, таа формално правно се уште егзистира, има свој директор, по некој вработен, има свој простор, опрема...Чмае. Што би рекле нашите сограѓани, бидејќи така требало да биде, без при тоа некој да се запраша што стана со овој вреден колектив кој точно пред дваесет години, на 11 Ноември 1994 година, покрај постојаните медиуми, весникот “Наш весник” и Радио Куманово, додаде уште еден- Телевизија Куманово.

Свечено пуштање во редовна дејност на ТВ Куманово (11.11.1994)

На спомемнатиот празничен ден за Куманово, со пригоден говор на директорот на оваа куќа Димитар Масевски, свечено беше пуштена во редовна работа Телевизија Куманово. Истата, во секојдневно емитување на програма ја пушти тогашниот претседател на општина Куманово Благе Кипријановски, во амбиент кој сосема доликуваше на еден таков чин: со гости од општината, Скопје, од драгите пријатели од Истанбул, на чело со Мухарем Ѓумуштаг, еден од најголемите донатори за овој инфорнативен сегмент на градот.

Инаку Телевизија Куманово беше изградена со минимални средства кои ги онезбедија стопанските колективи од општината, уште толку нашиот пријател од Истанбул, кумановецот Мухарем Ѓумуштаг, нашата пријателка од Скопје кумановката Кираца Трајковска, и се разбиара вредниот колектив кој несебично вложуваше во овој медиум, свесен дека тој е нивната иднина. На ова, подоцна се вклучи и Институот отворено општество-Македонија од Скопје, а севкупниот ангажман, онака од сенка, го следеше и помагаше тогашното Министерство за информации. Со експериментална програма телевизија Куманово започна на 15 април 1994 година, на денот на Радио Куманово, а како што напоменавме, една од најдобро опремените, тогашни јавни локални телевизии, во редовна работа се пушти на 11 Ноември 1994 година.

Екипата на првата програма во живо на РТБ Куманово

Првиот уредник на овој информативен кумановски сегмент беше Татјана Арсовска, а првиот водител на првата информативна емисија беше најстариот новинар во редакцијата Столе Божиновски.

Скендер Шабани, првиот ТВ симател на РТВ

Оттогаш па се до 2007 година Телевизија Куманово чесно одговараше на своите обврски, правејќи “чекори” во зависност од политичките консталации во младата плурална држава„ најчесто судирајќи се со луѓето кои себе си се повеќе се апстрофираа како политичари.

Со Законот за радиодифузна дејност од 2005 година, а уште повеќе со бришење од семејството на македонската радиодифузија на јавните локални радиотелевизиски станици, започнува и крајот на кумановската НРИО “Наш весник”, поконретно на Радио и Телевизија Куманово. Колку што сме информирани тие денес се на продажба од страна на државата.

Сосема ќе беше поинаква состојбата и би рекле сосема нормална и логична,  ако овие веќе етаблирани локални радиодифузери, со искусен кадар и солидна опрема за тоа време, ги прибереше во својот состав Македонската радиотелевизиаја и тие дејствуваа како нејзини регионални центри.

Во тој случај и тие можеби ќе беа во можност да ги одбележуваат своите годишнините кои годинава така помпезно ги одбележува МРТ.

Впрочем колку е тешко да се формираат вакви институции кои се неразделен дел од демократските процеси во едно општество покажа две деценискиот изминат период кога во оваа сфера се талка, кога еден град како Куманово со славна традиција и прв речиси во сите сфери си дозволи да остане без солиден медиум, пред се Телевизии, иако за респект е сето она што го направија досега, ентузијастите од постојаните гласила, пред се порталите и радијата.

Димитар Масевски