Euro Colleague
Bucen Kozjak

ХОТЕЛ „ГРАНД“ ПРВИОТ КУМАНОВСКИ ХОТЕЛ

„Жолтата Куќа“ на улицата Ленинова бр. 34 е всушност хотелот „Гранд“.

Хoтелот „Гранд“ или она што остана од него , денес сопственост на семејството на Благоја Тасевски- Пушкар., се наоѓа на улица „Ленинова“ бр.34 во центарот на Куманово.- Го споменува Јован Хаџи Васиљевиќ во својата книга за КУманово- „Кумановска област“ издадена од задолжбината на Коларац од 1909 година во Белград. Бил изграден уште за време на владеење на Османлиите, од некој Нејат бег. Најверојатно во тек не времето хотелот го менувал сопственикот, а можеби и намената со оглед дека воопшто не е присутен во евиденцијата на Меанџиско кафеџискиот еснаф од 1919 до 1927 година, кога се јавува како хотел „Гранд“ сопственост на Љатиф бег Џавидбеговиќ и во истиот на 14 фебруари е одржана прослава на еснафската слава на угостителите од Куманово „Свети Трифун. По деталната скица на првиот Урбанистички план на град Куманово од 1934 година, тој се среќава како сопственост, поточно оставштина на Али Јашар Беговиќ, од Куманово, член на познатото турско рентиерско семејство. Во еден пак друг документ од 1933 година , во фондот „Угостителска комора за Кумановска и Кратовска околија 1919-1948“ стои дека хотелот „Гранд“ е сопственост на Јусни Беговиќ, а како што анапоменавме во 1927 година се среќава како имот на Љатиф бег Џавидбеговиќ... Инаку, најверојатно во годините по 1934 година бил продаден на Благја Тасевски- Пушкар од Куманово, а по расположивите меници за отплата на овој објект се гледа дека тој се исплаќал се до 1939 година , кога бил склучен купопродажниот договор и по се изгледа хотелот е пренесен во, владение на купувачот Благоја Тасевски - Пушкар од Куманово . Објектот, во мошне руинирана состојба се уште е во посед на неговото семејство..Како што дознавме по извршената купопродажба хотелскиот дел од објектот веќе не ја вршел таа функција со оглед дека во него се вселило семејството на Благоја Тасевски Пушкар, додека ресторантскиот дел во приземјето бил и понатаму во сферата на угостителството. На времето ова бил одличен угостителски објект, на најпрометното место во чаршијата, во продолжение на познатиот кумановски Опанчарски сокак и секогаш исполнет со гости од Куманово и од страна. Располагаше со соби на кат, простран ресторан и летна бавча, а имаше изградено и ледара каде што табли мраз се таложеле преку зима, со слама меѓу нив, за да може да опстојат преку лето. Интересен е податокот дека во ресторанот на овој хотел се прикажувале и филмови, зашто потврдуваат одделни написи во тогашните весници каде се споменува киното „Гранд“ Киното работеле некаде од 1922 до 1930 година.. На репертоарот биле прикажувани неми филмови, со по две претстави неделно. Според Филмскиот годишник на Кралството Југославија сопственици на киното кое работеле во состав на „Гранд“ хотел биле Стеван Радоњанин и Зариќ.

Димитар Масевски