Euro Colleague
Bucen Kozjak

ИМАГИНАРНА КАФЕАНА „КУМАНОВСКО ПЕРО“

ОДЛОМКА ОД ЕТНО СТОРИЈАТА „КУМАНОВСКА КАФЕАНА ВО 20 ВЕК“ ОД ДИМИТАР МАСЕВСКИ ОБЈАВЕНА ВО ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ НА СПИСАИЕТО „КОРЕНИ“ БР.50

Во нашата сторија за кумановската кафеана во минатото столетие читателот ќе има можност да се сретне и со една имагинарна кафеана во која во еден миг се собрале легендите на кумановскиот пишан збор од оние со книжевна предизпозиција –поети, прозаисти есеисти, потоа, етнолози, историографи, историчари, историчари - ориенталисти, новинари и публицисти од разни области кои оставиле траги на планот на кумановскиот пишан збор.

*(Прв ред) Верољуб Андоновски, Методи Петровски, Звонко Стојановиќ Хаџипоп, Драган Марковиќ, Столе Максимовски, Драган Илиевски-Гари, (втор ред) Стојан Тренчевски, Александар Димиќ Паланчански , Сулејман Сефедини, Љубиша Стојановиќ, Драган Арсовски Арсо, , Славко Димовски-Лица, Александар Стојановски,Благоја Стевковски Гојчо, Миодраг Арсовски Болто, Стојан Коцевски Крцун, Стојко Николовски, Александар Митевски, Џамаларов, , Петар Трајковски, Боро Чушкар, Киро Крстевски-Баба Ружа и Тоде Саздовски Мали. Во рамки: Јован Хаџи Васиљевиќ (кумановец по мајка Катерина Икономова), Слободан Марковиќ-Либеро Маркони (кумановец по татко Димитар Марковиќ) и Васил Иљоски, натурализиран кумановец.

Дел од нив се многу блиски со кумановската кафеана или пак со кафеаните во урбаните простори каде што живееле, дел ги почитувале и респектирале овие значајни институции кои се време бледат во однос на мисијата која што ја имале во минтото. Во секој случај со Куманово се сврзани два автора кои се перјанаци на кафеанскиот живот и книжевното творештво, автори боеми во вистинската смисла на зборот чии траги се неизбришливи. Се разбира се работи за Драган Марковиќ , натурилизиран кумановец, човек кој ги нажживее голооточките каказамати, потоа професоруваше во ОУ „Вук Караџиќ“, беше и молер, а инаку е автор на многу поезија и романи. Вториот е кумановец по потекло, вистински кнез,, насловен како „Боемски кнез од Чубура“ кој знаеше да го здрма Белград пред деведесетите години на минатиот век со силата на својот интелект и вродената боемштина... Инаку починат е во почетокот на последната деценија на минатиот век

Во нашата пак кафеана „КУМАНОВСКО ПЕРО“ се редат автори кои творат од самиот почеток на 20-тиот век, па до оние кои се раѓаа во годините кои доаѓаа. Значајно, почесно место во овој виртуален локал им дадовме на авторите кои се по некој основ од Куманово, како што е познатиот Јоваан Хаџи Васиљевиќ, чија мајка била Катерина , ќерка на познатиот кумановски Иконом Димитрија кој бил прв човек во градот меѓу христијаните во еден период од 1832 до 1880 година, потоа веќе погоре споменатиот Слободан Марковиќ- Либеро Маркони, син на Димитар Марковиќ и внук на кумановски кафеџија и сопственик на кафеаната и борделот „Цевеќе“ Петар Марковиќ, на тогашната улица „Земунска’ („Доне Божинов“), како и натурализираниот кумановец Васил Иљоски. Во оваа виртуелна кафеана на кумановските легенди на пишаниот збор се редат многу веќе заборавени автори како што се Благој Стевковски Гојчо чија социјална, рациновска поезија плени со својата длабочина и искреност, еден од првите кумановски доктори на науки и министер во владата на Венецуела пред Втората светска војна, прпф.др Александар Димиќ-Паланчански, мошне продуктивниот др. Славко Димовски-Лица, кој од свештеник завршува како врвен историчар и книжевник, меѓу другото и автор на комедијата „Шути и рогати“, врвниот историчар-ориенталист Александар Стојановски од семсјтвото Вински, потоа врвниот преведувач и поет, инаку лекар - ортопед Александар-Сашо Митевски Џамаларов, единствениот Албанец во оваа друштво др. Сулејман Сефедини и многу други кои помалку или повеќе ви се препознатливи.

Инаку омилени места по Војната каде се собирапе на некој начин уметничкиот свет во Куманоиво беа Бифето на Народниот театар од Куманово ( 70- сетите) и „Вацевото кафеанче“ спроти Центарот за култура, во близина на култната кумановска кафеана, првиот „Палас“ кој езистираше до пред Војната.

Бифе на Народен театар Куманово во 1970-тите.

Димитар Масевски