Bucen Kozjak

КУМАНОВО И КУМАНОВСКИОТ КРАЈ ПО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ

Одломки од прилогот „Борба за Македонија“ од Димитар Масевски, посветен на неговиот пријател и колега Миодраг Арсовски –Болто , објавен во списаието „Корени“ бр 43/44, од 2013 година , кој ги опсервира настаните во Кумановско пред Балканските војни.

Октомври се покажа како месец во кој Македонците ги започнуваа своите борби за ослободување. Таков беше 11 октомври 1941 година кога партизаните под водство на комунистите ја започнаа својата антифашоистичка и нациоослободителна борба којашто резултураше со создавање на првата маккедонска држава-Асномска Македонија, таков беше третиот ден од трттата декада на овој месец 1893 ГОДИНА кога всушност започна македонската револуционерна борба со формирањето на МРО (подоцна ТМРО, ВМОРО, и ВМРО), камен темелник на кој се надградуваа во континуитет сите останати борби и движења.

Во овој и неколку продолженија во Ретроспектива ќе се обидеме да ги претставиме собитијата во Кумаnовскиот крај во периодот од Илинденското востание до Балкканските војни , кога падна „болниот човек од Босфорот“ а македонскста земја беше поделена помеѓу победниците во Балканските војни.

Пред да минеме на делот од македонската револуционерна борба во Кумаовскиот крај, посебно по Илинденското востание и поблиску ги обсервираме нештата би сакале ова наше патување низ минатото да го збогатиме и го направиме поверодостојно со одломки од книгата „Спомени од Македонија“ на американскиот новинар Артур Смит кој извесен период во првите години на 20 век простојувал во Софија и Македонија. Неговите првични видувања за случувањата во Македонија се навистина импресивни и ние би сакале да ги споделиме со вас:

„ Оваа книга не е историја на политички настани. Тоа е само обид да се претстави еден период од нашиот дваесетти век, непознат за повеќето од нас. Ехото на балканските конфликти одвреме навреме телеграфски стига до Америка, на начин каде што немаше место за деталите . Во Европа демнее борбата на македонските востаници , но дури и таму, на неколку стотици километри од сцената на борбените дејства е присутно изненадувачкио незнаење за оваа борба и нејзината суштина. Се знаеше дека некаде во европскиот дел на Турција се води герилска борба од еден народ, за кој постоеше матна претстава како за полуразбойници, полупрестапници. И тоа беше се. Мислам дека борбата на Македонците за слобода беше интересна не само поради нејзиното влијание врз современата историја, туку и поради егзотика на регионот во кој се спојуваат варварски боји на Истокот со умерените тонови на Западот. Македонија е во сенка на Ориентот. Таму се уште можат да се видат страстите, омразата, силната љубов и предрасудите, типични за Истокот и Стариот Запад. .Во Македонија луѓето се ценат според нивните заслуги. Братството на четниците не би траело долго ако се работи за страшливец , дури и да е влијателен човек. За да биде прифатен од нив, мажот навистина треба да е маж. Животот во овие услови не е секогаш пријатен. Се појавуваат и грди нешта од коишто не бев поштеден. Целта ми беше да насликаам една праведна и точна слика.. Ја сликав Македонија таква каква што ја видов. Се обидов да ги претставам чувствата со кои е исполнет животот на четниците - живот на силни емоции, напнатост која истоштува.. Се обидов да ја опишам шарената поворка од личности која минуваше пред мене - храбри жени, турски аскер, четници, свештеници, доктори, адвокати, селани, планинци во бели фустани и војводи - секој од нив има необична и силно изразена индивидуалност. Се стремев исто така да ја опишам и земјата, која беше сцена на дејството - нејзините сурови, високи планини, темните бездни и потоци, кои поминуваат низ нив. Во изминатите неколку месеци по моето враќање ситуацијата во Македонија во одреден степен се промени , но никој не би можел да каже што ќе се случи во иднина. Ненадејните промени се нешто вообичаено за Балканот.“

Инаку Куманово и Кумановскиот крај беа меѓу поизразитите подрачја од територијата на Македонија каде пропагандите беа доста силно манифестирани. Во Кумано--во Огранокот на Македонската револуционењрна организација беше формиран во 1894 година од соучениците на Гоце Делчев од Солунската гимназија, Евгенија Поп Крстева, Аксентие Борозанов , Христо Кипријановски, Ефка Татабитовска, Димитар Поп Арсов,... Во куќата на ЃорЃи Борозанов, како што наведува Миодраг Арсовски-Болто во својата книга „Кумановска револуционерна органзиација 1894 г.“ Димитар Мирашџиев го формирал првиот Револуционерен комитет во состав: Ѓорѓи Караман, Денко Пешев, Петко Костов Думановски, Аксенти Борозанов, и Димче Ќумбетџија.. Ние, за жал, многу малку дознавме и знаеме за овие основоположници на

Организацијата во Куманово, нивните семејства и подоцнежни судбини. Оваа материја посебно ја следеше покојниот Миодраг Арсовски Болто и преку него нашата „локална историографија“ стекна доста сознанија кои во последно време беа збогатени и фрлаа некои нови , реални слики на тие бурни времиња пред Балканските војни. Тука пред се мислиме на „Спомените“ на Крсто Лазаров Коњушки, за периодот 1900-1931 година, како и од некои српски изданија за четништвото , „ Пламен четништва“ од Станислав Краков (1930) и „Српска револуцуионерна организација-Комитско четовање у Македонији“ од кратовецот Стеван Симиќ, подготвена во почетокот на педесеттите години на минатиот век, а издадена 1998 година, во кои мошне сликовито се претставуваат состојбите во Кумановскиот крај и пошироко во Македонија Се разбира , дека оваа истражувачка активност не треба да застане со оглед дека има создаден солиден фундамент на кој можа да се надградуваат нештата., посебно од млади историчари , пред се оние во Музејо. Архивот...

Во Кумановскиот крај, во посочениот перриод имаше навистина голем „калаб’л’К“ од разни чети и луѓе . , Врховниот комитет од Софија постојано уфрлуваше чети за борба со Турците, а четниците беа регрутурани од Македониаја, но и од сите краеви на Бугарија и како паравоени единици беа испраќани во Македонија. Познати се четите на Бајчев, Шуманов, Алабак кои делуваа од позиците на врховизмот. Истовремено на овие исти простори, по Илинденското востание, делуваа повеќе чети на предилинденската ТМОРО , кои имаа разни платформи за дејствување и остварување на целта, но ја задржаа автономашката линија од пред Востанието, а мешанацива ја збогатија српските четници по 1904 година, како и качачките банди на Албанската (Prizrenskata) лига кои беа присутни на подрачјата каде живееше албанско население., Во случајов треба да се нагласат и Санданистите на Јане Сандански и Христо Чернопеев. Тодор Паница осведочен санданист и федрралист извесен период беше и војвода на Кумановската чета.

Од „Спомените„ на Крсто Коњушки кои во 2010 година ги објавивме во списанието „Корени , бр.33-34, конфузијата на подоцнежниот војвода недвосмилено се гледа, од одењето во Софија, неговот прво зачленување во Врховниот македонски комитет во Софија , за по извесен период да ги напушта овие структури и се приклони кон војводата Мише Развигоров борејќи se za автомомашката идеја за Македонија, за да по Хуириетоѕт стане верен следбеник на Тодор Александров и Ванчо Михајлов. . Впрочем и тој во своите мемоари пишува за поделба помеѓу комитите а пропо поделбата на внатрешни, централисти, сарафисти и врховисти, која постоеше во самите врвови на Органзиацијата.. „И меѓу комитите кои делуваа во Кумановско едните се претставуваа како внатрешни , другите како сарафисти, -пишува Крсто Коњушки во своите Спомени. На пример , Бајчев и Шуманов беа сарафисти исто како Иван Алабак кого го убија меѓу Велес и Прилеп , вели Коњушки- Боби Стојчев беше наклонет кон Сарафов и на двапати беше разоружан со целата своја чета од војводата Мише Развигоров- еднаш во селото Сопот а после во селото Преот. Тоа беше некаде во 1906 година ...“

За поделбите во самиот врв на Органзиацијата и како истите ги доживеа споменатиот американски новинар Артур Смит бележиме во неговата книга „Спомени од Македонија“ : „„ Наскоро сфатив дека меѓу револуционерите постојат несогласувања . Едната група, онаа која првично ја сретнав во ресторан "Балкан", беше раководена од Гарванов и Матов. Таа поддржуваше еден помирлив, компромисен однос кон бугарската влада, кога таа саакаше да се меша во работите на револуционерите , поаѓајќи од фактот дека се обврзани за тоа, со оглед дека им е дозволено да имаат свое седиште во Бугарија. Оваа група беше повеќе или помалку во сојуз со една трета група, , сплотена, под раководство на познатиот Борис Сарафов. Без сомнение Сарафов не беше ништо повеќе од еден платен агент на бугарската влада, користен од кнезот Фердинанд како лост за контролирање на текот на револуцијата... Втората револуционерна група ја предводи благајникот на Организацијата Петар Попарсов, кој служеше како претставник на Јане Сандански и Христо Чернопеев - двајцата лидери, кои ја заробија познатата мис Стоун, неоспорно најсилните индивидуални водачи на револуционери. Мотото им беше "Македонија на Македонците" и цврсто се спротивставуваа против сите обиди за злоупотреба од страна на бугарската влада врз самостојноста на Организацијата. На крајот на краиштата тие несогласувања завршија со убиството во декември 1907 година на Сарафов и Гарванов, извршено од Никола ( Тодор-пр. на ред.)Паница, војвода и еден од замениците на Сандански. Тој беше официјален изведувач на смртните казни на својата група, која цврсто беше одлучила Сарафов и Гарванов , кои дејствуваат против највисоките интереси на Македонија, подобро е да се отстранат. Во тој период на Кумановскиот простор регистрираме повеќе војводи кои водеа месни чети и ги штитеа селаните од одметанатиот башибозук или пак од албанските качачки банди кои делуваа и како сегменти на Албанската (Призренската ) лига. Vo Kumanovo тоа беа учителиоте: Димитар Попарсов, Васил Георгиев и Душко од Малешевијата , Данко Георгиевски, кој делувал на просторот на Пчинскиот регион а делуваше и на просоторот на селата Клечовце и Јачинце, Зафир Сајто во Младонагарочкиот крај, Панзо Соколов во Живиње и други.

Пред Илинденското востание , 1902 година , како раководител на Скопскиот револуционерен округ доаѓа Никола Пушкаров ,близок соработник на Гоце Делчев, кој стана и војвода на новоформираната -Кумановска реонска (околиска )чета, која во одредени периоди ја среќаваме и како Скопско кумановска..Била составена од десетина четници дојдени од Бугарија, меѓу кои и Тодор Паница, како и борци од Кумановско и Велешко.Бил нејзин војвода некаде до 1904 година . Извесен период по Пушкаров војвода бил Сандо Чолак за по него да дојде Костадин Нунков. По загинувањето на Нунков, 1906 година во борба со турскиот аскер, за војвода на кумановската чета доаѓа Михаил Чаков, осведочен борец за автономна Македонија и заедно со претходните војводи следбеници на идејата на Делчев. Учествувал со војводата во борбата кај с. Баница 1903 година. при загинувањето на Гоце Делчев. Извесен период Кумановсклата чета ја води Шиваров а потоа во 1906н година Крсто Коњушки кој на нејзино чело е до Хуриетот 1908 година. (Посатоците за војводите на Кумаовската реонска чета се земени од „Спомените “ на Крсто Коњушки)

Треба да се спомене дека во овој период , пред Митровден 1905 година во селото Живиње е одржан Окружен собир на четите од овој округ, на кој присуствувале: Мише Развигоров, штипски војвода, Петар Ангелов, паланачки војвода, Атанас Бабата, кратовски војвода, Костадин Нунков, кумановски војвода, Крсто Б,лгаријата, кочански војвода и Даме Мартинов кој ги обиколуваше Валешко и Скопско со една чета. На собирот, кој поради појава на српските чети својата работа ја заврши во Мургаш ,присуствуваше и Дамјан Груев кој пристигна со кумановските раководители на Организацијата Левков, Караманов и Поп Серафимов . Главна расправа на овој Окружен собир на кој присуствуваа околу 150 борци беше односот кон српските чети кои полека, но сигурноа навлегуваа на македонската територија и ја придобиваа наклоноста на селата во Кумановско. . Во Кумановскиот крај , по 1904 година припадниците на ВМОРО мораа да се борат на три фронта: против Турците, против бугарските врховистички чети, како и против четниците кои интензивно навлегуваа од Србија. Тоа ќе трае се до Хуриетот 1908 година за да потоа нештата спласнат на сите нивоа чекајќи се разврска во војните кои доаѓаат 1912 година.

Димитар Масевски