Euro Colleague
Bucen Kozjak

ВО КВЕЧЕРИНАТА НА ГОЛЕМИОТ 11 ОКТОМВРИ

Во Aнтифашистичката борба и HOO епопеја 1941 -1945 година Kуманово и кумановскиот крај дадоа свој видлив придонес иако тоа денес се повеќе нестанува и бледее пред налетот на некои други видувања на историското минато.

Речиси по сите основи, од оние со социјално класен карактер и атитпроповските во периодот меѓу двете светски војни, во активностите против бугарскиот фашистички окупатор по негово имплементирање во Mакедонија, издавањето на првиот весник во окупирана Македонија - „Дедо Иван“, 15 август 1941 година, во подготовките за вооруженото востание и излегувањето на двата партизански одреди - Козјачкиот и Карадачкиот НОП одреди, на 12 октомври 1941 година.

За разлика од многу години потоа па и денес, Куманово пред вооружената борба имаше солиден, зрел интелектуален кадар концентриран во комунистичката партија. Во  квечерината на годинешниот 11 октомври би сакале да споменеме еден од тие кадри кој  беше првото перо на редакцијата на весникот „Дедо Иван“ - Бојан Зафировски Болан чии визии за Македонија беа чесни и чисто акедонски, темелени на солидни познавања на минатото на македонскиот народ  и актуелната политичка ситуација. Како тој ја гледаше  идната македонска држава која ќе изникне од вооружената борба пред почетокот на истата, во прилогот што следи, а објавен во весникот „Дедо Иван“ на 15 септември 1941 година на кумановски говор.

Бојан Зафировски - Болан*

Д'Н'ШЊА И ЈУТРЕШЊА МАКЕДОНИЈА **

( 15 септември 1941 година )

Онај плодна Македонија сас сас њојни равни поља насадени сас афион, тутун, памук, ориз, Македонија сас њојни руде од сребро, антимон, железо, онај Македонија населена сас Македонци, Власи, Турци, Арнаути, Грци и други, тај је Македонија поробена и од њојни плодни и бујни груди пљачкав германски и бугарски фашисти! Српска буржуазија је отишла а дошла је бугарска буржуазија, сас ново ропство. Отнаше ву њојни богатства! Отнаше ву жито, тутун, памук, ориз и све оној што је македонски народ створил сас свој крв и пот! На тија македонски поља, који су натопени сас крв и пот на македонски сељаци, сас сл'зе на македонски сељанке, на тија македонски поља ступнала је крвава фашистичка нога на фашистички арамије! Тај крвава нога на германски и бугарски фашисти ступнала је на широки груди на Македонију и не ву дава слободно да дише, да слободно користи своји богатства!

Нека! На македонски груди родиле су се героји од геројско „Илинденско Востаније“. И с'га, па ќе се родив героји, они су родени, и тија-синови и ќерке на македонски народ ќе разбијев крваву ногу на разбојнички фашизам! Голема Славјанска Русија сас своју силну и геројску Црвену Армију ќе помогне на македонсаки народ, да скрши, да здроби крвожедни фашизам и да на македонско небо запали сл'нце на слободу, на благостање!

И т'га мија ќе видимо јутрешњу Македонију!

Од Бело Море преко плодни Ѓевѓелиски поља, преко равни тетовски котлине, преко Овче Поље, Косово, покрај силан Вардар и преко скопску и кумановску котлину, ќе се роди нова, слободна и здрава Македонија! Т'га македонски груди ќе задишев силно и слободно и ќе исфрљив од нутра благо и богато македонско здравје, силну и геројску Слободну Македонску Републику, од њојни груди ќе излезев героји који ќе направив да Македонски народ биде уједињен, сложан и слободан на своју плодну и слободну Македонију.

Т'га ќе запиштив душмани под победу на Макед. Народ !

И т'га, чуј македонски народе, на груди на нашу земљу Македонију ќе никнев фабрике и работилнице за корис на македонски народ. Т'га ќе слободни македонски поља да грмив од песму на работу и слободу, т'га ќе да забрчив трактори и машине по разни поља на Македонију! Народ ше добије леп, богат плод, здравје и богатство.

Македонија ќе биде јака и слободна работилница за корис на македонски работници и сељаци!

Т'га мија ќе заблагодаримо на нашу заштитиницу на Славјанску Русију, на њојну силну и челичну Црвену Армију и на нашега учитеља и воѓу другара Стаљина!

На њима ќе заблагодаримо за тој што они ќе ни помогнев да по брго и по скоро здробимо банде и разбојнички фашизам!

Живела Слободна Македонија !

Македонски богатства на македонски народ !

Живела Славјанска Русија и њојна силна и геројска Црвена Армија!

Смрт на крволочан фашизам. Слобода на народ!

Белешка за авторот:

Бојан Зафировски -Болан е роден во Куманово,  касде го завршил основното и средното образование а во Белгарад завршил две години Правен факултет . Член на КПМ, еден од интелектуално поистакнатите членови на КП на полето на идеолошко политичкатото делување. Еден е од иницијаторите за покренување на двата кумановски весници за време на фашистичката окупација на земјата: „Дедо Иван“ орган на МК на КПЈ кој излегуваше во август и септември 1941 година и „Октобрис“ чии броеви излегоа есента 1942 година. Неговиот хаџидимовски „повик“ во статијата “ Д'н'шња и утрешња “Македонија” дека Македонија ги имаше героите на Илинденското востание” , но дека се родени нови герои , кои ќе го разбијат фашизмот , и ќе создадат една нова слободна Македонија , недвосмислено го вбројува во визионерите на кумановското движење, и интелектуалец со висок маштраф. Интригите и сплетките во Партијата ,по ослободувањето од фашистичката окупација, катсрофално се одразија на овој врвен интелектуалец и извонрееден кумановски кадар. Поради клевета не е избран на делегат на Првото заседание на АСНОМ , каде по се изгледа му било местото, а страда за време на Резолуцијата на ИБ, кога бил затворен од УДБА и каде што умира .( по одредени автори убиен), без при тоа, да се знае каде му се погребани посмртните остатоци)

** Статијата “ Д'н'шња и јутрешња Македонија” ја напишал Бојан Зафировски-Болан, а истата била објавена во весникот “Дедо Иван” бр. 3 од 15 септември 1941 година.

Димитар Масевски