ЗА КУМАНОВСКИОТ ГОВОР

Второто издание на пиесата „Ленче Кумановче“ на кумановски говор,(првото издание беше објавено во бројјот 45-46 ), онака како што ја напишал Васил Иљоски во 1927 година беше повод, во воведников на четириесет и седмиот (47) број на „Корени“, да споменеме нешто за кумановскиот говор, овој невообичен дијалект од богатото семејство на говори во македонскиот јазик.

Би сакале прилогот да го започнеме со еден дел од текст на кумановецот Бојан Зафировски- Болан, „Д’н’шња и утрешња Македонија“, напишан на кумановски говор, објавен во првиот локален весник во окупирана Македонија „Дедо Иван “ од 15 август 1941 година.

Точно пред 52 години излее од печат првиот монографски труд од областа на македонската дијалектолошка наука и прв сеопфатен труд за граматичката структура на еден макеоднскои дијалект или популарно кажано „граматика“ на кумановскиот говор. Тоа беше трудот на еден од втемелувачите на современата македонска лингвистичка наука и доследен нејзин креатор и реализотор проф. др. Божидар Видоески. Тој заедно со своите современици, Блаже Конески, Крум Тошев, Радмила Угринова-Скаоовска, Оливера Јашар Настева, го втиснаа својот творечки печат на инаугурацијата и кофикација на македонскиот литературен јазик во зацврстување на неговата литературно јазична норма, во научното и во практично обликување на неговата современа граматичка структура и, воопшто на неговата стандардизација, имајќи, притоа, и решавајќи удел во динамиката и реализирањето на своите стручно научни цели, ќе напише во својот приказ „Навраќање на трајните лингвистички вредности “проф. Др Стојка Бојковска, кон трудот, Кумановски говор, од Божидар Видоески .( „Корени„ бр.31/32-2009).

Во редот на неговите први научни трудови и прв научен труд работен по принципот на современата методологија и научни критериуми од областа на дијалколошка наука е неговиот докторски труд насловен како „КУМАНОВСКИ ГОВОР“, излезен од печат во далечната 1962 година, во издание на Институтот за македонски јазик, како 3-та книга од едицијата Посебни изданија. Интересот на Божидар Видоески за проучување на кумановскиот говор, дијалект на македонскиот јазик на кој била напишана првата македонска драмска творба „Ленче Кумановче“ праизведена во јуни 1928 година на штиците на Стариот скопски театар , во тогаш познатото Еврејско маало. На повеќе од 350 страницио е преставена граматичката структура на кумановскиот дијалект. Неговиот научен труд, како и целокупниот научен опус на проф. Др Божидар Видоески остана како базичен образец за тоа како се прави комплетен лик на еден дијалекѕт кој останува непобитен сведок за постоењето на еден облик на јазикот во одреден период од неговата историја.

Говорот на Куманово и Кумановскиот крај , кој според бројот и карактерот на дијалктните црти, му припаѓа, според проф. Видоески, на северното македонско дијалктичко подрачје. Јазичната пак територија што е тема на ово трудот опфаќа пет поголеми географски целини кои ја чинат поголемата област позната како Кумановско.( Кумановски крај) И покрај тоа што сите овие области релјефно се различни, сепак тие претставуваат добро поврзани целини , и јазично и економски.. Навраќајки се на овој труд професорката Стојка Бојковска во своето обсервирање по повод пет децении од неговото предавање во печат( 1958 г.) вели: „ Во трудот главно се издвојуваат главно две поголеми структурни целини: аналитичен дел и прилози.

Во аналитичкиот дел се анализирани и се опишани фонетско-фонолошките проблеми на дијахрониски и на синхрониски план, прегледот на зборовните групи, нивните форми и значења, а на лексички план материјата е распоредена во сегметички гнезда со посебен нагласок на одделени зборови, петрфицирани изрази или фразеолошки изрази кои во литературниот/ стандарниот јазик ги нема или имаат поинакво значење, а ги нема во ниту некој друг дијалект. Претставениот речнички материјал може само да биде еден голем обработен дел од дијалектниот речник на македонскиот јазик и помош во толкувањето на одделни зборови на речникот на македонскиот литартуренн јазик.

Фонолошкиот запис на дијалектните текстови, како прилог кон трудот, се од непроценлива вредност и за лингвистичката и за историско- фолклористичката наука. Библиографијата на крајот на трудот зборува за тоа колку голем интерес, научен и секаков друг, претставувала кумановската област од македонската јазичка територија.

Таа претставува сегмент од трудот кој може да биде најдобар патоказ на секој оној кој сака да продолжи во проучување на оваа област, од каков и да е аспект... “ Ете, ова беше она научното толкување на кумановскиот говор, соодветно обработено од проф. др. Божидар Видоески во 1962 година, на кое во 2009 година , во „Корени“ се наврати нашата сограѓанка професорот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, др Стојка Бојковска. Ние пак од редакцијата на „Корени“ сакаме да затвориме едно прашање , непосредно поврзано токму со оваа материја, а во насока на негово валоризирање , а пропо на неговата значајна ролја во периодот помеѓу двете светски војни кога македонскиот јазик беше забранет од окупаторските власти.

А со тоа и на некој начин одаддеме признание на сите оние кои смогнале сили и храброст да творат на мајчиниот јазик, на овој дијалект, пркосејќи на новововедините српски или бугарски јазични форми кои во главно имале асимилаторска и денациолизаторска задача. И се разбира останат во колективната меморија на кумановецот, а зошто не и на македонскиот народ... Во тоа функција и еден мал прилог кон овој мал осврт во оваа насока и аманет за паметење кон целната група. Нашите први пишувани среќавања со кумановскиот говор се некаде од средината на втората половина на 19 век. Една преписка пред околу 140 години ни ја приближува тогашната комуникација меѓу писмниот свет од Куманово, се разбира на јазик кој е многу блиску до денешниов. Иако авторите на тие писма , зависно во кој правец ги праќале, се труделе и нивниот јазик да е блиску до тие средини.. Некаде во седумдесетите години на 19 век главни луѓе од христијанскиот свет во Куманово, што би рекле првенци, биле стариот иконом Димитрија и трговецот Денко Крстов( евич, иќ). Од преписката помеѓу нив, и надвор, со тогашните институции, може да го почувствуваме кумановскиот говор.

Во едно писмо од 1870 година од кумановските првенци (иконом Димитрија, Денко Крстевич ) испратено до Скопскиот митрополит Паисие може да прочитаме:

„... Ми ваше о христа Стадо вароши Куманово. Припадамо рабски колено приклоно и, љубезаемо вашу свјату десницу. И неќна примисмо едно радосно известие преко наш нов кадија како сте казале за Воскрсение ќе бидете у Куманово. И тоj нам мило ни биде и за тој се доносимо сас ово наше кратко Писмо. И ве замољавамо од душу да ни заповедате... “

Или пак Канономието за Статутот на самарџискиот еснаф од Куманово, напишан во 1830, а препишан во 1870 година од Деодосие Пандилов може да препознае кумановскиот говор во неговите членови:

„ ... Знано да биде свакоме мајстору, кои да се покаже непокоран на горе казнети канони, да биде проклет од триста осамнаесет Свети Оци и од Св. Апостола и од мајстори презрен и поруган во вјеки веков....“

Во својот монографски труд за Кумановската област др Јован ХаџиВасиљевиќ мреѓу другото се задржува и на кумановскиот говор. Потенцирајќи дека најдобро говорот на едно подрачје може да се почувствува преку прозата тој дава низа примери како то изгледало во Кум,анопвскиот крај некаде при крајот на 19 век....

Ова се неколку белешки на овој автор, инаку по мајка, по потекло од Куманово: Некој си Младен Николиќ од село Мургаш раскажува:

„... Имало у Ваљевце,(село) отут Павлешенце анови и седеле Грци у тија анови. К’д га женија Трајка татко му заборчија се у тија Грци па га после даја сас ак да седи у тија Грци и га ценија. Он отришја и седеја месец ли, по више ли, после побегнаја отуд , та га жена скрила и б’чву у кошару....’ Или белешката : Како се читав момчиња и девојке? „...Такој, читав се. Биде негде у некоје село собор, па се збира свет од млого села. Игра се поје се, иде ѓурултија. Момчиња играв башка, девојке башка и гледав едни у други како мачке....“

И во многуте сочувани песни изпеани од народот се среќаваме со кумановскиот говор. Еве неколку стиха од песната „Маркова слава“:

Марко служи светога Николу
Поканија до три совре гости
Една совра тешки чорбаџије
Друга совра средњи џорбаџије
А тај треќа пуки сиромаси...“

Или стихови од песната „Шеќер душо“која ја пеелче жетварите од Скачовце

„...Шеќер душо моме мори
Не иди моме т’мна т’мнина
Т’мна т’мнина тесни сокаци.
Ќе ми те сретне лудо младо... “

Употреба на мајчиниот јазик односно кумановскиот говор во 20-тото столетие , во јавни настапи во Куманово, на некој начин се поврзани со Васил Иљоски и професорот Милан Мијалковиќ и двајцата вработени во кумановската Гимназија. Првиот своето првенче , едночинката „Пред матурата “ , ја напишал на српски јазик, но со уфрлување на многу зборови на месното кумановско нарачје.

Неговиот однос пак , кон пиесата „Ленче Кумановче “ е сосема поинаков и тој целосно ја пишува на кумановски говор , која како таква е изведена во јуни 1928 години во Скопското Народно позориште Краљ Александар Први. Во историјата е запишано дека тоа било првото драмско дело изведено на еден од дијалектите на македонскиот јазик- кумановскиот говор. Вториот пак професор Милан Мијалковиќ со сопугата Љубица Мијалковиќ практикувале на учениците во кумановската гимназија да им даваат слобода и ги потикнуваат да се изразуваат на мајчиниот говор во усменото или пак писменото изразување.

За таа своја „дрскос“ тие во 1928 година морале да ја напуштат работата во кумановската гимназија. Инаку Милан Мијалковиќ бил еден од позначајните членови на комунистичката партија во Куманово, а три години е на чело на ПК на КПМ за Македонија кој во тој период дејствувал во Куманово. Друг кумановец, адвокатот Пера Николиќ ја напишал во 1936 година пиесата „Тон филм“ која исто така била напишана на кумановскиот дијалект и била многу популарна и блиска до кумановецот.

За жал од таа претстaва е сочувана само поканата, од 1936 година додека нема никакви трагови од текстот.. Користење на кумановскиот говор во своето творештво среќаваме и кај еден друг кумановец- Благој Стефковски-Гојчо. Овој истакнат предвоен комунист и интелектуелац покрај партиска активност , се занимавал и со пишување на поезија и проза.

Од неговата сочувана поезија која, за жал , никој не се обиде веродостојно да ја валоризира и афирмира, плени со сенз и боја нејзината социјална димензија , карактеристика за периодот меѓу двете светски војни. Ќе ги спомнеме насловите:„Песна,“, „Реч на болната тутунска аргатка“, Кршач на карпи“, Прет поотка во гурбет“, „Басмарица“, „Чирак“, „Дрвари“ и други. Пд прозата на овој автор која за жал многу малку е сочувана би требало да се спомене расказот „Минтан“

Песната „Реч на болната тутунска аргатка“ на Благој Стефковски Гојчо е многу слична на Рациновата “ Тутуноберачите“. напишана е и објавена во скопското сшисанието „Наша реч“ ,орган на КП за Македонија, некаде половина година пред објавувањето на Рациновите „Бели мугри“ и песната „Ттуноберачите“во 1939 година. Се разбира и овде е доминатен кумановскиот говор. Во овој случај, еден кус феагмент од споменатата поезија;

ЗА БОЛНАТА ТУТУНСКА АРГАТКА

И што живот беше тој
Што помина во маки од раѓачка до с’га?
Рано уште низ зори
По студени магли и слани
Огрнати во стари партали

од т’мни зори до т’мни вечери
по студени смрдливи одаи...

Прекрасни тесктови кумановските автори Бојан Зафировски Болан, Лазар Соколов, Апостол Зордумис Толи, Благој Стевковски Гојчо, Дане Цеков и други пишуваат во првите македонски весници во окупирана Македонија, „Дедо Иван“ од август 1941 година и „Октобрис“ од 1942 година најавувајќи ги настаните кои доаѓаат, при тоа правејќи извонредни асоцијации за континуитет на македонската борба за своја самостојност, пред се од Илинденското востание 1903 голдина и она што доаѓа и следи, во октомври 1941 година.

Насловите на статиите : “На целу поштену јавност“ , „Две Македоније“, „Фајда од нову слободу“ Голем се бој бије“, „Нов ред за Хитлера“ , „За скорашњу одговорност на фашисти“, „Славјанска је победа„ „Д’н’шња и утрешња Македонија“, „Џенабет законче“,„Наш пут’, „Македонски народ у борбу на два фронта“, „Скупоѕтија и шпекулације“,„ Зашто се бориле Македонци и зашѕто се с’га борив“ се само дел , од она што беше објавено во споменатите први македонски весници во окупирана Македонија , се разбира на кумановски говор.

По ослободувањето и кодификацијата на македонскиот литертурен јазик немаше веќе потреба од така интензивно творење од авторите на кумановскиот говор со оглед дека тие веќе го употребуваат службениот литературен јазик на социјалистичка Македонија. Само во одредени прилики, во поедини рубрики на весникот „Наш весник“, некоја целна публикација, есеј , стрип или козерија се среќаваме со овој убав и интересен дијалект, иако во кумановскиот регион, тој, во домовите, во чаршијата не отстапи ни за јота од својата посебност.

Димитар Масевски