Bucen Kozjak
07. 04. 2017 15:18

Бал фор Лајф го пречекува Овче Поле за влез во Втората лига

Бал фор Лајф го пречекува Овче Поле за влез во Втората лига

Кошаркарите на Бал фор Лајф го играат можеби најбитниот натпревар оваа сезона, кој дефинитивно ќе ги одреди патниците во Втората кошаркарска лига.

Кумановскиот состав го пречекува тимот на Овче Поле, единствениот конкурент за таа втора позиција која носи пласман во Втората кошаркарска лига. 

Со победа, Бал фор Лајф ќе направи две победи предност пред Овче Поле на две кола до крајот на првенството, и ќе може да атакува на првата позиција. Доколку домашниот тим го загуби натпреварот, работите додатно ќе се докомплицираат па се ќе зависи од исходот со МЗТ Скопје и Дино Баскет, наптревари кои треба додатно да ги одигра Овче Поле.

Досега овие два тима одиграа два натпревари каде што и двете екипи ја искористија предноста на домашен терен и забележаа победа пред своите навивачи.

Освен овој натпревар, Бал фор Лајф го пречекува Марфил Спорт од Прилеп на домашен терен, а во последното коло од првенството му гостува на МЗТ Скопје. Кумановската екипа сеуште нема пораз на домашен терен, па од клубот се надеваат дека така ќе остане и по овој натпревар.

Натпреварот се игра во салта Панко Брашнаров со почеток во 14 часот.