Euro Colleague
Bucen Kozjak
11. 11. 2017 12:39

Бал фор Лајф го пречекува Вардар

Бал фор Лајф го пречекува Вардар

По првата победа против тимот на Ангели, кошаркарите на Бал фор Лајф се наоѓаат пред нов предизвик во Втората кошаркарска лига. Утре во салата на Економското училиште играат против екипата на Вардар.

Минатогодишниот прволигаш се наоѓа на третата позиција на табелта со две победи и еден пораз. Кумановскиот состав има два пораза и една победа и тешка задача пред утрешниот меч во кој ќе мора да го даде својот максимум доколку сака да ја забележи првата победа на домашен терен.

Натпреварот се игра во недела салата на Економското училиште со почеток во 14 часот.