Euro Colleague
Bucen Kozjak
06. 11. 2017 13:00

Бал фор Лајф ја забележа првата победа во Втората лига

Бал фор Лајф ја забележа првата победа во Втората лига

Кошаркарите на Бал фор Лајф ја забележаа првата победа во новата сезона, одкако на гостински терен триумфираа против тимот на Ангели со резултат 69-78.

Кумановскиот состав ја имаше иницијативата во овој меч и веќе на полувреме имаа предност од 10 поени разлика. По паузата од полувреме Ангели се обиде да ја анулира предноста, меѓутоа Бал фор Лајф го исконтролира натпреварот и го постави конечниот резултат 69-78. Филип Стојановски беше апсолутно најдобриот поединец на натпреварот постигнувајки 34 поени.

Следниот натпревар, Бал фор Лајф го пречекува тимот на Вардар.