Bucen Kozjak
20. 11. 2017 12:01

Бал фор Лајф загубија во трилер завршница во Свети Николе

Бал фор Лајф загубија во трилер завршница во Свети Николе

Кошаркарите на Бал фор Лајф доживејаа несреќен пораз од тимот на Овче Поле со резултат 74-71.

Кумановскиот состав имаше добра игра и предност во текот на целиот меч, но мечот во последниот период влезе во неизвесна завршница. Бал фор Лајф не беше ефинасен во последните минути од натпреварот, а Овче Поле полека ја топеше предноста па на три секунди пред крајот. Петар Виларов успеја да погоди тројка од десетина метри за победа на домаќинот на овој меч.

Виларов со 25 поени беше најефикасен на натпреварот, додека за Бал фор Лајф Филип Стојановски постигна 18 поени.

Следниот натпревар Бал фор Лајф го игра против Тетекс на домашен терен.