Euro Colleague
Bucen Kozjak
11. 04. 2017 11:06

Едно злато и две сребра за КБК ММА Куманово 2006

Едно злато и две сребра за КБК ММА Куманово 2006

Кик-бокс и мма клубот Куманово 2006 имаа успешен настап на државното првенство кое се одржа изминатиот викенд, и се закитија со еден златен медал и два сребрени медали.

Нов државен првак во К-1 дисциплината во категорија до 86 килограми е Филип Наковски кој во финалето беше подобар од Митко Ашилов од Радовиш. Второ место зедоа Немања Спасовски во ММА до 66 килограми и Емил Ставревски исто во ММА само во категорија до 77 килограми.

Од клубот изјавија дека се задоволни од постигнатите резултати и очекуваат успех и на идните натпрварувања.