Euro Colleague
Bucen Kozjak
17. 05. 2017 10:09

Еуроспорт поканет на меѓународен турнир во Барселона

Еуроспорт поканет на меѓународен турнир во Барселона

По одличните игри и резултати на претходните турнири во Австрија, Србија и Грција фудбалска школа Куманово- Еуроспорт доби покана да учествува на Меѓународен турнир во Барселона, за генерациите од 2002 до 2007 година.

Турнирот ќе се одржи во октомври во Барселона, а ќе учествуваат екипи од Шпанија, Франција, Германија, Италија, Бразил, Мексико, како и екипи од Африка, Азија и други. Натпреварите ќе се одиграат на повеќе од 20 одлични терени за фудбал. Исто така поканети сме да бидеме гости на фудбалски клуб Барселона и да го посетиме стадионот Камп Ноу и фан шопот на Барселона“, - соопштуваат од клубот.

Од 9. до 13. април Куманово-Еуроспорт учествуваше на силен меѓународен турнир во Грција и го освои 5 место во учество на 16 екипи.