Euro Colleague
Bucen Kozjak
06. 05. 2017 09:21

Голема училишна велосипедска трка на Градскиот стадион

Голема училишна велосипедска трка на Градскиот стадион

Велосипедскиот клуб „Теута Ириље“ од Куманово, денеска организира меморијална републичка трка на која ќе учествуваат учениците од прво одделение од основните училиште од градот и државата.

 Трката ќе се одржи на атлетската патека на градскиот стадион во Куманово со почеток во 11 часот.

„ Оваа манифестација се одржува по 7. пат а ќе учествуваат 90 велосипедисти од 15 основни училишта од Македонија. Присуството го потврдија ученици од сите основни училиште од Куманово, ќе имаме гости од Скопје, Битола, Ресен и другите градови. Ќе учествува и едно детенце кое е сместено во мигрантскиот камп Табановце. Сакаме да направиме една спортска манифестација со која ќе се гордее градот и нашата држава, - истакна организаторот Башким Ќерими.

Тој ги повика граѓаните што помасовно да дојдат на манифестацијата и да ги бодрат малите велосипедисти. Најдобрите ќе добијат награди и признанија.