Bucen Kozjak
20. 05. 2017 18:43

Градоначалникот Дамјановски ги прими одбојкарките на СВС Куманово

Градоначалникот Дамјановски ги прими одбојкарките на СВС Куманово

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски вчера ги прими одбојкарките и стручниот штаб на „Сити Волеј Славков Куманово„, кои го освоија Купот на Македонија и титулата на државното првенство.

Притоа им посака многу здравје и спортска среќа, и се заблагодари за несебичниот посветеност за промоција на градот. Градоначалникот вети дека ќе се ангажира за популаризација на одбојката како спорт, а најави и организирање на турнир со екипи од соседните земји.

„Одамна не сме имале ваков успех и многу ми е драго што на еден ваков начин го претставувате Куманово. Ова нека биде добар пример за сите спортски клубови кои сакаат  сериозно да се занимаваат со спортот, максимално да се ангажираат и резултатот е неизоставен, прв пат во Куманово еден тим освои двојна круна првенство и куп. Ова е успех за Куманово и се надевам дека ќе продолжиме со соработката, давам ветување дека општината преку Сојузот на спортови ќе направи се во понатамошниот период да дадеме и финсиска подршка,– рече Дамјановски.

Раководството не го криеше задоволството што по две децении, токму СВС Куманово како млада екипа со скромен буџет, е прв спортски клуб кој успеја да донесе два пехари на градот. Особено се горди на младите шампионки кои го оставиле срцето на терен за да стигнат до посакуваниот резултат.

„Паузата од 20 години што ја имaше се надеваме дека нема да се повтори и ќе стане пракса екипите со поголеми успеси да го претставуваат градот. Сакам посебно да им се заблагодарам на девојките, тие се навистина шампионки, апсолутно целата сезона ја одиграа маестрално. Како и секој клуб имавме успони и падови, но она што е битно е завршницата. Кога требаше играа максимално, исполнија сешто ние како стручен штаб очекувавме, го оставија срцето на терен и донесоа огромен резултат“,-изјави тренерот Денис Вујадиновиќ.

Големиот успех на младите одбојкари нека биде поттик не само за општинските власти, туку и за бизнис заедницата да даде поголема подршка клубот да опстане и да се развива и на меѓународна сцена.

Досега единствена помош која клубот ја имал од општина Куманово е бесплатен превоз и користење на спортската сала „Перо Наков“, додека сите останати трошоци поврзани со натпреварувањата ги подмирувале од сопствени средства, додека ангажманот на девојките е волонтерски.

Градоначалникот Дамјановски ги прими одбојкарките на СВС Куманово