Euro Colleague
Bucen Kozjak
06. 07. 2017 18:06

Јаневски ќе ја игра седмата сезона за Куманово

Јаневски ќе ја игра седмата сезона за Куманово

Кошаркарот на Куманово Марјан Јаневски и следната сезона ќе настапува во сино-белиот дрес, одкако го продолжи договорот на уште една година.

Со овој чекор, Јаневски станува играчот со убедливо најдолг стаж во тимот, и ќе ја игра својата седма последователна сезона за Куманово.

Тој пристигна во сезоната 2011-2012, и одтогаш па наваму е неизоставен дел од кумановскиот состав. Минатата сезона бележеше 13 поени и 6 скока во просек.

Тренерското место во тимот е испразнето одкако Марјан Србиновски официјално ја продолжува тренерската кариера во Гостивар. Во предходните месеци беше најавено дека оваа сезона ќе се намалат вложувањата во кошаркарскиот тим и дека клубот ќе се фокусира претежно на домашните играчи.