Bucen Kozjak
20. 11. 2017 12:30

Караџовски и Мекиќ се играчите од Куманово на репрезентативниот список

Караџовски и Мекиќ се играчите од Куманово на репрезентативниот список

Димитар Караџовски и Адем Мекиќ се двајцата кошаркари кои се најдоа на репрезентативниот список на селекторот Јорданчо Давитков, кои во овие предквалификации ќе се борат за пласман на квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра 2021 година.

На списокот на селекторот Давитков се наоѓаат 15 кошаркари. Покрај двата бека на Куманово, тука се и Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитријевиќ, Дарко Соколов,  Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски. Овие квалификации Македонија нема да игра Американски кошаркар во своите редови. Неизвесни во овие предквалификации ќе биднат и настапите на Ѓорѓи Чековски кој доживеја повреда на вчерашниот натпревар во Гостивар и Бојан Трајковски кој реши во овој момент да санира стара повреда.

Македонија првиот натпревар ќе го одигра против Словачка на 23.ноември на гостински терен.

Фото: mkf.mk