Bucen Kozjak
22. 09. 2017 14:40

Кумановчанки ja пречекуваат Деспина утре во Куманово

Кумановчанки ja пречекуваат Деспина утре во Куманово

ЖРК Куманово утре го игра вториот натпревар во сезоната каде што ќе се обиде да забележи нова победа на домашен терен. Противник ќе бидне тимот на Деспина од Прилеп.

Куманово покрај одличните игри прикажани против Пелистер од Битола, сигурно ќе атакува на нова победа против прилепчанки. Посебно важно е тоа што оваа година првенството ќе се игра двокружно, без Плеј-оф завршница, па во битка за врвот на табелата ќе бидне битен секој бод и конечната гол разлика.

Натпреварот се игра во салата на училиштето Христијан Карпош со почеток во 14:30.