Euro Colleague
Bucen Kozjak
29. 06. 2017 11:47

Кумановци со шест медали на отвореното првенство во Џиу-џица

Кумановци со шест медали на отвореното првенство во Џиу-џица

Кумановскиот клуб за бразилска џиу џица „Д Стронгест енд Рутс“ имаше успешен настап на отвореното првенство во Охрид каде што се закитија со три златни, два сребрени и една бронзена медаља.

Мартин Стефановски освои златен медал во категорија плави појаси, додека во бели појаси злато освоија Стефан Лучиќ и Никола Петрушевски. Андреј Стојановски и Милош Стаменковски освоија сребрен медал додека со брозна се закити Николчо Цветковски.

На првенството учество земаа и клубови од Црна Гора и од Албанија.

Од клубот најавуваат дека кон крајот на септември ќе се одржи државно првенство во Куманово.