Bucen Kozjak
21. 09. 2017 11:24

Куманово го декласираше Пелистер во првиот натпревар од првенството

Куманово го декласираше Пелистер во првиот натпревар од првенството

Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против тимот на Пелистер со резултат 33-26.

Кумановчанки воспоставија контрола уште во првото полувреме, и  заминаа со предност од 4 гола. Во продолжението од мечот Куманово го засили темпото и успеја да забележи победа со 7 гола предност.

Пеовска Викторија постигна 8 гола, додека Марковиќ Бранкица забележа 7 прецизни удари во мрежата на Пелистер. Величковска Габриела беше единствената разиграна ракометарка меѓу битолчанки со 12 гола.

Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Деспина.