Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 11. 2017 11:42

Куманово го пречекува Фени, влезот слободен

Куманово го пречекува Фени, влезот слободен

После еден ден пауза, кошаркарите на Куманово играат нов првенствен натпревар против тимот на Фени Индустри.

Тимот од Кавадарци беше „спаринг партнер“ во текот на подготовките на Куманово, па екипите доволно се познаваат. Сепак по почетокот на првенството Фени има три победи и два пораза и се наоѓа на седмата позиција, додека Куманово со две победи и три порази е осмопласиран. Овој натпрвар е доста битен во борбата за средината од табелата и првите шест места кои носат место во Супер-лигата. Фени успеја да го победа тимот на Капрош Соколи, што говори дека може да бидне незгоден противник. Куманово е во лоша резултатска серија, меѓутоа веројатно денеска имаат противник кој доволно го познаваат и можат да забележат победа која ќе ги врати на победничките патеки.

Влезот и на овој натпревар ќе бидне слободен. Тој се игра денеска во 19 часот.