Euro Colleague
Bucen Kozjak
08. 11. 2017 00:23

Куманово не стигна до пресврт во Тирана

Куманово не стигна до пресврт во Тирана

Кошаркарите на Куманово го забележаа третиот пораз во регионалното натпреварување, одкако загубија на гостувањето во Тирана од истоиемниот тим со резултат 75-73.

Куманово губеше со девет поени на полувреме, третиот предиод го загуби со додатни осум поени и кога изгледаше дека натпреварот ќе влезе во мирна завршница, Куманово се разбуди и одигра веројатно така како што требаше да го игра целиот натпревар. Во последниот период постигнаа 26 поени, имаа нерешен резултат и напад за победа или израмнување, меѓутоа на крајот не успејаа да ја забележат втората победа во БИБЛ лигата.

Никола Караколев беше најефикасен во тимот на Куманово со постигнати 23 поени. Кај домаќинот Герти Шима постигна 21 поен.

Според сајтот на кошаркарската федерација, Куманово следниот натпревар го игра во петок од 17:30 против МЗТ Скопје, натпревар од 5.коло кој не беше одигран поради настапите во меѓународните натпреварувања на двата тима.