Euro Colleague
Bucen Kozjak
05. 12. 2016 15:49

Куманово подобар од Пелистер, утре го пречекува Башкими

Куманово подобар од Пелистер, утре го пречекува Башкими

Кошаркарите на Куманово изминатиот викенд беа подобри од тимот на Пелистер со резултат 82:67.

Покрај почетното менување на водството, Куманово до крајот на првиот период направи двоцифрена предност, која во четвртиот период стигна и до 27 поени разилка. Битолчани успејаа да ја смалат разликата и да забележат достоинствен пораз со резултат 82-67.

Данило Мијатовиќ беше најефикасен на натпреварот со 16 поени.

Во вторник Куманово игра натпревар од БИБЛ лигата против тимот на Башкими. Натпреварот се игра во Спортската сала и започнува во 17 часот.