Bucen Kozjak
15. 11. 2017 13:09

Куманово со Мекиќ ќе го напаѓа непоразениот Рилски Спортист

Куманово со Мекиќ ќе го напаѓа непоразениот Рилски Спортист

Кошаркарскиот клуб Куманово вечерва игра натпревар на домашен терен, овојпат во БИБЛ лигата против тимот на Рилски Спортист.

Адем Мекиќ е новото засилување на Куманово, кој вечерва ќе има своје деби во новиот дрес. Поранешниот играч на МЗТ Скопје би требало да ја зголеми ротацијата на Куманово, која беше и еден од главните проблеми на тимот изминатите натпревари. Сепак проблемите не застануваат тука, повредата на Александар Штерјов не е наивна, тој вечерва ќе бидне во составот меѓутоа прашање е колку ќе може да пружи на овој натпревар.

Вечерва во Куманово не доаѓа наивен противник, и тоа ќе бидне уште еден во низа тежок натпревар кошаркарите кои имаат црна серија од три пораза по ред. Рилски Спортист во досегашниот дел од БИБЛ лигата одиграа натпревари против Левски, Ибар Рожаје и Академик и во сите три натпревари успејаа да забележат победа.

Куманово играше со истите противници како и Рилски, го победија само Ибар, плус загубија на гостувањето во Тирана.

Дали Рилски Спортист ќе остане единствената непоразена екипа во БИБЛ лигата, или Куманово ќе ја прекине црната серија останува да видиме на денешниот натпревар кој се игра во Спортската сала, со почеток во 19 часот.