Bucen Kozjak
07. 04. 2017 15:06

Куманово трет пат му гостува на Кожув оваа сезона

Куманово трет пат му гостува на Кожув оваа сезона

Од утре започнуваат вториот круг натпревари во Супер-лигата, а тимот на Куманово ќе игра против екипата на Кожув на гостински терен.

Ова ќе бидне првиот од неколкуте натпревари кои ќе решаваат за четвртата позицина на табелата која води во Плеј-оф. Се чини дека МЗТ Скопје, Карпош Соколи па и Работнички обезбедија место во завршницата од првенстото, додека долниот дел го формираат Кожув, Фени Индустри и Куманово кои имаат една победа и четири порази по одигрувањето на првиот круг.

Кожув во Суперлигашкоиот дел се покажа како тврд орев за противниците, и ги изнамачија сите екипи противници. Куманово одигра три продолженија, што говори дека и покрај кадрвските проблеми одлично го играат овој дел од сезоната, и сеуште се во игра за Плеј-оф.

Натпреварот е закажан за сабота со почеток во 19 часот.