Bucen Kozjak
16. 11. 2017 01:12

Куманово загуби од Рилски Спортист

Куманово загуби од Рилски Спортист

Кошаркарите на Куманово забележаа нов пораз во регионалното натпреварување одкако го загубија натпреварот со Рилски Спортист со резултат 80-96.

Куманово имаше солиден почеток на натпреварот меѓутоа контранападите на „американскиот“ дел од екипата беа кобни за Куманово. Четвртината заврши со резултат 14-28, играчите на Куманово беа само гледачи во тие акции на противникот.

Дека тимот има потенцијал за квалитетна игра, покажа втората четвртина во која Куманово делуваше консолидирано и успеја од 14 поени да дојде на 5 поени негатива. Во вториот период постигнаа 29 поени а примија само 19.

Меѓутоа надежта кратко траеше, Рилски покажа зошто сеуште нема пораз во регионалното натпреварување и ја врати предноста стекната во првиот период. Во продолжение од мечот, тренерот Петровиќ им даде шанса на сите кошаркари на Куманово. Проблем за овој натпревар беше тоа што Штерјов успеја да одигра само осум минути од натпревар.

Марјан Јаневски постигна 19 поени а Димитар Караџовски го заврши натпреварот со 18 поени. Кај гостите Тревис Тејлор постигна 20 поени.

Куманово следниот натпревар го игра на гостински терен против тимот на Кожув.