Euro Colleague
Bucen Kozjak
10. 11. 2017 19:46

Куманово загуби од шампионот МЗТ Скопје

Куманово загуби од шампионот МЗТ Скопје

Кошаркарите на Куманово го доживејаа и третиот пораз во домашното првенство од тимот на МЗТ Скопје со резултат 90-106.

Актуелниот шампион покажаа дека и покрај кризата во АБА лигата, сепак има неспоред индивидуален квалитет кој е доволен за победа во домашното првенство. Тука треба и да се придодадат и новите засилувања на МЗТ Скопје кои дадоа се од себе да го оправдаат ангажманот. 

Куманово покрај почетното водство, цело време беше зад петите на тимот од Аеродром, но никако не успеја да ја спушти разликата под 4 поени и да го одведе натпреварот во неизвесна завршница. 

Голем плус на овој натпревар беше и враќањето на публиката, глетка сигурно многу подобра во однос на последниот натпревар на домашен терен.

Поранешниот кошаркар на Куманово, Бојан Трајковски беше најефикасен на мечот со 27 поени. Кај домаќинот, Димитар Караџовски постигна 24 поени. 

Со овој натпревар започнува жестокото темпо натпревари за Куманово. Тие веќе во недела од 19 часот играат против тимот на Фени Индустри.