Bucen Kozjak
10. 04. 2017 12:23

Куманово загуби во Гевгелија

Куманово загуби во Гевгелија

Кошаркарите на Куманово забележаа нов пораз од Кожув со резултат 86-78.

Тимот на Кожув очигледно го користи домашниот терен посебно кога е во прашање Куманово, па направија голем чекор кога е во прашање освојувањето на четвртата позиција која води во Плеј-оф. Освен почетното водство, и враќањето во третиот период кога Куманово се доближи на минус четири, гостинскиот состав имаше двоцифрена негатива.

Миливоје Мијовиќ беше најефикасен поединец на натпреварот со 23 поени. За Куманово Радослав Пековиќ постигна 16 поени.

Куманово утре го игра првиот финален натпревар против екипата на Берое на гостински терен.