Bucen Kozjak
07. 07. 2017 00:25

Михајловски се враќа на клупата на Куманово, Караџовски и Караколев ги продолжија договорите, Штерјов прво засилување

Михајловски се враќа на клупата на Куманово, Караџовски и Караколев ги продолжија договорите, Штерјов прво засилување

Кошаркарскиот клуб Куманово денеска се активираше во летниот преоден рок па одкако го продолжи договорот со Марјан Јаневски, за тренер го назначи кумановецот Игор Михајловски.

Михајловски го водеше Куманово во сезоната 2014/2015 кога на средината од сезоната си поднесе оставка. По релативно успешната сезона во Кожув, Михајловски се враќа на жешкото столче во Куманово, а со него пристигнува и старо-новиот центар Александар Штерјов, кој соработуваше со истиот тренер и во Кожув минатата сезона и во Куманово.

Никола Караколев и Димитар Караџовски се играчите кои ги продолжија договорите со клубот и го формираа основниот костур на тимот.