Euro Colleague
Bucen Kozjak
08. 11. 2017 16:40

Младен Давидовиќ ќе го води КК Куманово до избор на нов претседател

Младен Давидовиќ ќе го води КК Куманово до избор на нов претседател

Досегашниот спортски директор Младен Давидовиќ, ќе го води кошаркарскиот клуб Куманово до назначување на нов претседател, по оставката на Виктор Божиновски.

“ Јас ќе ја извршувам функцијата до свикување на Собранието, Управниот одбор и назначувањето на нов претседател. Се надевам дека без проблеми ќе го надминеме овој период, по што ќе следуваат повеќе промени во организацискиот дел, пред се во младинската школа. Ќе работиме на привлекување на нови спонзори и ќе ја вратиме публиката во спортската сала“, - изјави Давидовиќ за Кумановоњус.

Давидовиќ како долгогодишен спортски работник и дел од највисокото раководство во КК Куманово е најсериозне кандидат за нов претседател. Тој ја има подршката на спортската јавност и на публиката да го врати сјајот на кошарката во Куманово.