Bucen Kozjak
06. 04. 2017 13:12

МЗТ останува без пораз во Супер-лигата

МЗТ останува без пораз во Супер-лигата

Кошаркарскиот клуб Куманово забележа нов пораз во Суперлигашкиот дел од сезоната, одкако вчера беше поразен од актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Кумановчани на овој натпревар беа предводени од помошниот тренер Милош Нинковиќ поради суспензијата на Марјан Србиновски поради технички грешки. МЗТ Скопје ја држеше разликата на двоцифрен број поени речиси на целиот натпревар, а Куманово запрети во последниот период кога успеја да ја стопи предноста на пет поени, меѓутоа немаше сили да направи пресврт против шампионот.

Димитар Караџовски одигра одилчен натпревар во кој постигна 30 поени за Куманово. Хавиер Тамс беше најефикасен во МЗТ Скопје со 22 поени. 

Слениот натпревар Куманово го игра против Кожув на гостински терен.