Euro Colleague
Bucen Kozjak
07. 12. 2016 18:31

Одбојкарките го пречекуваат Гоце Делчев

Одбојкарките го пречекуваат Гоце Делчев

Одбојкарките на СВС Куманово во четврток во 14 часот го играат последниот натпревар на домашен терен од есенскиот дел од сезоната.

Противник ќе биде екипата на Гоце Делчев Студент од Штип, а натпреварот се игра во салата на економското училиште Перо Наков. До крајот на полусезоната, СВСК ќе одигра уште еден натпревар против Пелистер Волеј од Битола. Со победа на двата натпревари, кумановскиот состав ќе се зацврсти на втората позиција на табелата.

Освен сениорската екипа, сезоната ја завршија младинската, пионерската и кадетската екипа, каде што сите екипи забележаа одличен успех и се на првите позиции во своите групи.