Bucen Kozjak
10. 10. 2017 16:54

Одбојкарски турнир по повод 11.октомври во Куманово

Одбојкарски турнир по повод 11.октомври во Куманово

Актуелниот освојувач на дуплата круна, женскиот одбојкарски клуб СВСК од Куманово утре организира одбојкарски турнир на кој ќе настапат три клуба.

Овој настан се ораганизира по повод 11.октомври ден на востанието во Република Македонија, а покрај домаќинот учество ќе земат тимовите на ОК Бами Кор од Тетово и екипата на СВСК од Куманово.

Турнирот започнува со натпреварот помеѓу ОК СВСК и Бами Кор во 11 часот. Околу 12:30 тетовчанки ќе играат против УГД Штип, а околу 14 часот домаќинот на турнирот ќе одигра наптревар против УГД Штип.

Натпреварите ќе се играат во салата на Економското училиште.