Euro Colleague
Bucen Kozjak
07. 11. 2017 14:00

Петровиќ ќе дебитира со Куманово против Тирана

Петровиќ ќе дебитира со Куманово против Тирана

Кошаркарите на Куманово денеска во 18:30 го играат четвртиот натпревар во БИБЛ лигата против тимот на Тирана.

На овој натпревар свое деби ќе има новиот тренер Александар Петровиќ. Паузата во БИБЛ лигата и одложениот натпревар против МЗТ Скопје добро му дојдоа на стручниот штаб да ги консолидираат редовите пред продолжување на борбата на двата фронта.

Куманово и Тирана во досегашните натпревари забележаа една победа и два пораза, па се наоѓаат на петтата односно на шестата позиција на табелта.

Натпреварот се игра во Тирана со почеток во 18:30.