Bucen Kozjak
15. 06. 2017 15:45

Пливачите на „Аква“ со одлични резултати на Државното училишно првенство

Пливачите на „Аква“ со одлични резултати на Државното училишно првенство

Членовите на пливачкиот клуб „Аква„ постигнаа извонредни резултати на Државното училишно првенство во пливање, што се одржа минатата недела во Куманово.

Во силна конкуренција на претставници од основните и средни училиште во државата, учениците од овој клуб освоија два сребрени и еден бронзен бронзен, како и многу четврти и петти места и постигнаа најдобри резултати од учесниците во градот.

„По долго време имаме прилика да ги почувствуваме благодетите на овој спорт. За да се научи да се плива и да се совладаат основните елементи во пливањето потребни се од 24 до 36 часа. За поголемите категории за еден тренинг се потребни 90 минути. Како одминува времето, учениците влегуваат во кондиција. За две-три години можеме да се надеваме дека ќе имаме врвни пливачи, рекордери во државата. Треба да се обрне внимание на децата на 7-8 годишна возраст, кои за 3-4 години ќе ги дадат првите резултати. Има интерес за пливањето и има потенцијал во градот, а резултати ќе дојдат со вземно вложување на професорите, учениците и родителите, - изјави професорот Момчило Антевски.

 На првенството со медали се закитија: Милан Милановски и Елена Бојковска за освоено второ место, Елеонора Диковска трето, додека Андре Димковки и Петар Краљевски стигнаа четврти на целта.

„Ова е мојата прва награда. Многу сум задоволен. Со пливање се занимавам 8 години а дневно пливам од час до час ипол.Со изградбата на базенот имаме подобри услови за работа и поголема инспирација да продолжиме да работиме. Сега се подготвувам за ново државно првенство кое треба да се одржи во јуни, годинава„,- изјави Милан Милановски (18), кој освои сребрен медал во делфин, а ученик е во АСУЦ Скопје.

Елена Бојковска(17), ученичка е во трета година во гимназијата „Гоце Делчев“ на 100 метри делфин освои второ место, а на 100 метри краул беше прва во групата, а на на ниво на државата се пласираше на 4 место.

„Наградите за мене се мотив повеќе и инспирација повеќе да пливам. Тренирам 5 години и многу ми е драго што успејав да освојам медала. Сакам да продолжам поинтензивно со пливањето, а ќе продолжам и на факултет ако не професионално тогаш рекреативно. Пливањето е еден од најубавите спортови, бидејќи целото тело го раздвижува и и јас им го препорачувам на сите деца. Водата го опушта и релаксира телото и тоа е неверојатно чувство“, - вели Елена.

 Најмладата меѓу наградените е Елеонора Диковска (14), 9 одделение во основното училиште „Крсте Мисирков„ и освои трето место на 50 метри грбно.

„Ова е мој прва награда. Тоа ќе ме натера повеќе да вежбам и да работам во иднина. Мојата цел е да бидам одличен пливач и добијам повеќе награди“, - вели Елеонора.

Младите пливачи велат дека го избрале најубавиот спорт на светот и ги повикуваат сите млади луѓе да им се придружат во пливачкиот клуб „Аква“, каде има врвни професионалци кои ги потикнуваат и подржуваат во остварување на нивните цели.

Пливачите на „Аква“ со одлични резултати на Државното училишно првенство