Bucen Kozjak
23. 12. 2016 15:03

Пливачкиот клуб „Делфин“ започна со работа

Пливачкиот клуб „Делфин“ започна со работа

Куманово од неодамна доби нов спортски клуб кој активно започна со работа. Се работи за пливачкиот клуб „Делфин“ кој функционира со отварање на базенот во Куманово.

Клубот постои скоро еден месец, а во него членуваат околу триесетина членови со возраст од 6 до 35 години.

Со формирање на овој клуб на децата и најмалите им е понудена уште една спортска опција во процесот на нивниот развиток, избор на слободните активности и вклучување во спортот. Нашиот клуб располага со четири дипломирани професори по физичко образование, а работиме по пливачка програма поткрепена од Факултетот за физичка култура ос Скопје - изјави м-р Александар Спирковски, тренер во клубот.

Тој додаде дека во рамките на нивниот клуб има повеќе групи, прилагодени за секој вид на пливачи.

Постојат три групи, непливачи, пливачи со послаба техника и рекреативци - додаде Спирковски.

Тие ги повикуваат сите деца и млади кои се заинтересирани, да се обратат до нивниот клуб или да ги посетат на нивните термини за пливање кои се во вторник од 20:30-21:30 и сабота и недела од 12:30-13:30.

Пливачкиот клуб „Делфин“ започна со работа
Kvatro
Parking
Bravo
Srecni praznici
Nace Budjoni
stuz
Kvatro
NER