Bucen Kozjak
21. 04. 2017 15:36

Последен натпревар на Бал фор Лајф на домашен терен

Последен натпревар на Бал фор Лајф на домашен терен

Во недела во 14 часот, екипата на Бал фор Лајф го игра последниот натпревар на домашен терен против тимот на Марфил Спорт од Прилеп.

Кумановскиот состав забележа две победи во двата одиграни натпревари против тимот од Прилеп, кој се наоѓа на петтата позиција на табелата. Бал фор Лајф со победа во недела ќе ја завршат сезоната без пораз на домашен терен, што е основа на одличниот резултат што го постигнаа кумановчани оваа сезона. Од тимот не кријат дека сакаат да ја нападнат првата позиција на табелата, па за тоа ќе им е потребна победа во неделниот натпревар.

Дуелот Бал фор Лајф - Марфил Спорт се игра во салата Панко Брашнаров со почеток во 14 часот.




Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo