Bucen Kozjak
18. 04. 2017 11:27

Последен натпревар во БИБЛ лигата, на Куманово му треба сензација против Берое

Последен натпревар во БИБЛ лигата, на Куманово му треба сензација против Берое

Кошаркарскиот клуб Куманово денеска во 19 часот го игра реванш натпреварот од финалето на БИБЛ лигата против тимот на Берое од Стара Загора.

Куманово одигра многу лош натпревар во Бугарија и загуби со убедливи 84-55. Играта беше до толку лоша, што кумановчани не успејаа ниту да ја намаат разликата, па шансата да ја бараат на домашен терен. Доколку сака да бидне вториот македонски представник кој го освоил БИБЛ трофејот, кумановчани треба да победат со 30 поени разлика. Во овој состав, со скратена ротација, тоа ќе бидне доста тешко, имајки го впредвид квалитетот на бугарскиот состав и бројот на странски кошаркари кои настапуваат во тимот.

Сепак од кошаркарите кои настапуваат за Куманово сигурно се очекува достојно да се претстават на денешниот натпревар и со каква таква победа да се простат од настапите во регионалната лига.

Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот. Пренос на натпреварот ќе врши ТВ Сител.