Euro Colleague
Bucen Kozjak
04. 05. 2017 11:44

Последниот натпревар ќе го реши шампионот во Третата лига

Последниот натпревар ќе го реши шампионот во Третата лига

Кошаркарите на Бал фор Лајф денеска го играат последниот натпревар против МЗТ Скопје кој директно ќе решава за шампионот во Третата кошаркарска лига.

Двата тима обезбедија плсман во повисок ранг, и следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората кошаркарска лига. Во меѓусебните дуели двата тима ја искористија предноста на домашен терен и забележаа победа.

МЗТ Скопје има 14 поени и 2 порази, додека Бал фор Лајф засега е втор на табелата со 13 победи и 3 порази. Доколку победи домаќинот на овој дуел, тогаш тој ќе ја зацврсти првата позиција, но додколку Бал фор Лајф забележи победа, тогаш тимовите ќе имаат ист скор и ист број на бодови но Бал фор Лајф ќе има подобар меѓусебен дуел, што значи дека тие ќе завршат како првопласирани на табелата.

Овој натпревар ќе започне во 20:30 и ќе се игра во спортскиот центар Ново Лисиче.