Bucen Kozjak
09. 05. 2017 12:37

Прва меч топка за МЗТ во серијата со Куманово

Прва меч топка за МЗТ во серијата со Куманово

Кошаркарите на Куманово денеска ќе се обидат со победа да ја продолжат серијата против МЗТ Скопје и да изборат уште еден натпревар кој ќе го играат на домашен терен.

Тимот на Марјан Србиновски одигра добар натпревар на домашен терен, и неколкуте грешки во завршницата го одвоија тимот од првата победа во Плеј-оф оваа сезона. МЗТ Скопје води со резултат 2-0 во полуфиналната серија и сигурно ќе се обиде вечерва да стави точка на оваа серија.

Натпреварот се игра во салата Јане Сандански со почеток во 19 часот.

Во слична ситуација е и тимот на Работнички кој денеска ќе брка победа против Карпош Соколи за опстанок во полуфиналето, со тоа што Работнички ќе игра на домашен терен пред празни трибини. После инцидентите во првиот натпревар, Работнички не успеја да ја задржи предноста на домашен терен, па денеска им е последната шанса да се вратат во живот.

Доколку Карпош Соколи забележат победа, во финалето ќе гледаме АБА-лигашки дуел помеѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи.