Euro Colleague
Bucen Kozjak
10. 05. 2017 19:51

Ракометарките на Куманово го победија Металург

Ракометарките на Куманово го победија Металург

Ракометарките на Куманово одиграа одличен натпревар и го совладаа тимот на Металург со резултат 31:32.

Уште на дуелот од Купот на Македонија, ракометарките на Куманово покажаа дека можат да се носат со лидерот на табелата, и дека единствено судиските одлуки не дозволија натпреварот да бидне неизвесен до самиот крај. Потврдата стигна денеска каде што кумановскиот состав извојува победа против лидерот на табелата Металург, победа со која го симнаа Металург од врвот на табелата. Во првото полувреме Куманово имаше само со еден гол негатива, а малата разлика против фаворитот веројатно е и мотив плус да се одиграат нови триесет минути во кои ќе се даде максимум и ќе се забележи најголемата победа оваа сезона.

Александра Боризовска повторно беше предводник на Куманово со 10 гола, додека Викторија Пеовска постига 9 гола.

Куманово во сабота од 18:30 игра против тимот на Овче Поле, во салата на О.У. Христијан Карпош.