Euro Colleague
Bucen Kozjak
16. 05. 2017 12:07

Со 12 медали се закитија атлетичарите од Кумановската гимназија

Со 12 медали се закитија атлетичарите од Кумановската гимназија

Извонредни резултати постигнаа атлетичарите од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово на Државното првенство во атлетика за средни училишта, кое минатата недела се одржа во Скопје. 

Во конкуренција над 100 ученика на средни училиште од целата држава, кумановските гимназијалци освоија 12 медали за први втори и трети места. 

Наградите и признанијата ги освоија: Милан Вељковиќ за први места на 100м, 400м и 4х100м штафета, Христијан Петрушевски за први места на скок во далечина и 4х100м штафета, второ место на 100м, Дамјан Јаневски прво место на 4х100м штафета, четврти места на 100м и скок во далечина, Теодор Соколовски прво место на 4х100м штафета и трето место на скок во далечина, Иван Тимчевски второ место на 1000м, Роберт Митковски второ место скок во височина, Андријана Тасевска прво место скок во далечина, Сања Тимчевска трето место скок во далечина и 100м, второ место на 4х100м штафета, Марија Дувлис второ место на 4х100м штафета, Александра Стојменовска второ место на 4х100м штафета, Катерина Ивановска второ место на 4х100м штафета и Невена Цветковска 7мо место во фрлаље ѓуле.

Првенството се одржало на арената „Филип Втори“, а учениците од гимназијата „Гоце Делчев“ биле единствени претставници од градот со 10 ученика, откако предходно победиле на општинските и регионални училишни натпревари во атлетика. Нивните професори велат дека извонредните резултати се мотив за поголеми успеси во наредниот период и достојно претставување на гимназијата и градот Куманово.