Bucen Kozjak
29. 09. 2017 12:09

Во Куманово ќе се одржи државно првенство во Бразилса џиу-џица

Во Куманово ќе се одржи државно првенство во Бразилса џиу-џица

Кумановскиот клуб за бразилска џиу-џица, Стронгест енд Рут е организатор на овогодинешното државно првенство во оваа боречка вештина.

Настанот е под покровителство на Македонската федерација за Бразилска џиу-џица, а ќе се одржи во салата на Економското училиште Перо Наков во Куманово.

Навистина е голема чест да се бидне домаќин на ваков настан. На првенството ќе се натпреваруваат повеќе од 80 натпреварувачи во сите возрасни категории. Ги повикувам љубителите на боречките вештини да го проследат настанот и да им дадат подршка на сите натпреварувачи. - изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот и организатор на настанот.

Првенството ќе се одржи во недела, со почеток во 11 часот.