Bucen Kozjak
05. 05. 2017 13:32

Започнува Плеј-оф серијата Куманово-МЗТ Скопје

Започнува Плеј-оф серијата Куманово-МЗТ Скопје

Минатогодишните учесници во финалето, оваа сезона се среќаваат во полуфиналето од Плеј-оф натпреварите каде што актуелниот шампион има предност на домашен терен.

Куманово имаше одличен состав на почетокот на сезоната, меѓутоа со напуштањето на клубот првин од Александар Костовски па подоцна и целата драма со Данило Мијатовиќ, шансите на Куманово се целосно смалени и пласман во финале сигурно дека ќе бидне вистинска сензација. Смалената ротација ќе бидне најголем проблем за Куманово кои објективно играат со 7 играчи.

Куманово со сите сили ја нападна шампионската титула во БИБЛ лигата, и со право го направија тоа бидејки форматот на натпревари во БИБЛ повеќе им одговараше на кумановчани и имаа пореални шанси за титула.

Можеме со сигурност да претпоставиме дека Куманово шансата ќе ја бара на домашен терен, па подоцна да бара изненадување иако тоа ќе бидне многу тешко бидејки серијата се игра до три победи.

Натпреварот започнува во 19 часот и ќе може да се проследи на следниот линк.

Фото: МакБаскет