Bucen Kozjak
16. 07. 2017 22:04

14 повредени во верижен судар на автобус и два автомобили во близина на Куманово

14 повредени во верижен судар на автобус и два автомобили во близина на Куманово

 Четиринаесет лица се повредени при судир на автобус, џип и уште еден автомобил на магистралниот пат Куманово-Скопје, во близина на кланицата Црн Бик, во Куманово.

Сообраќајната несреќа се случила попладнево околу 18 часот, кога дошло до судир на џип со албански регистерски таблички кој се движел кон Крива Палнка и автобус со гостиварски таблички, кој се движел кон Скопје и уште еден автомобил.

При тоа биле повредени 14 лица, од кои две со потешки повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Останатите патници поминале со полесни повреди и сместени се во Кумановската болница.

Увид извршила екипа на Јавен обвинител и се работи на утврдување на причините за сообраќајката.