Euro Colleague
Bucen Kozjak
09. 08. 2017 15:59

Адријан Афузи нов директор на Здрaвствен дом Куманово

Адријан Афузи нов директор на Здрaвствен дом Куманово

Адријан Афузи од ДУИ е нов директор на Здравствениот дом во Куманово.

Афузи по професија е економиста и доаѓа на местото на Миомир Панковски од ВМРО-ДПМНЕ, а досега работеше како замeник директор во ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово.

„Денеска од Министерството за здравство добив решение за именување в.д. директор на Здравствениот дом во Куманово. Овие денови ќе се изврши примопредавање на функцијата, бидејќи предходниот директор е не годишен одмор, по што ќе се посветам на работата и секојдневните обврски, - изјави Афузи.

Во состав на Здравствениот дом спаѓаат службите за итна медицинска помош, домашна посета, одделот за вакцинација, ноќна амбуланта и лабораторија во зградата на Уред.