Bucen Kozjak
16. 06. 2017 21:33

Асфалтиран дел од улицата „Ѓорче Петров“

Асфалтиран дел од улицата „Ѓорче Петров“

На дел од улицата „Ѓорче Петров“ од раскрсницата со булеварот „Октомвриска револуција“ кон населбата „Перо Чичо“, денеска е поставен нов асфалт.

 Оваа е една од најфрекфентните улици во градот, бидејќи поврзува повеќе приградски населби.

„Ќе бидат реконструирани 1600 метри квадратни на најоштетениот дел на улицата и делот кај раскрсницата. Ќе продолжиме со реконструкција на улицата од Ловечки базен до Митев Мост, а истовремено ќе се работи и на улиците „Руџер Бошковиќ“ и „Будимир Димковски“ кои се во оваа населба,  - изјави Дамјановски.

Целиот проект за летно одржување и реконструкција на улиците во општината предвидува асфалтирање на површина од 45.000 квадрати и 5.000 квадрати реконструкција, а треба да заврши до почетокот на август.